Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обид да се заживее функционирањето на Воено-медицинскиот центар

Обид да се заживее функционирањето на Воено-медицинскиот центар

Во моментов владини претставници водат консултации со Воено-морската академија во Варна таму да бидат обучувани кадри за потребите на Воено-медицинскиот центар на Македонија. Се работи за најеминентно вишо училиште во Бугарија, каде што во моментов се обучуваат студенти од 12 земји од светот. Рејтингот вели дека сите кои го завршуваат, продолжуваат да го работат она што го учеле, а за странци се наплаќа 1.750 до 3.000 евра.

Овој центар е отворен како скап и амбициозен проект на Македонија во 2011 за потребите на интеграциите во НАТО, но го следеа контроверзи пред неколку години. По две години од неговото формирање ВМЦ овозможуваше само основни медицински услуги, од кои најчести беа систематските прегледи за војниците. Извори од АРМ тврдеа дека за целосно фунцкионирање на полската болница недостасува уште стручен кадар, бидејќи според проекциите тогаш биле потребни 60 специјалисти, меѓу кои хирурзи, ортопеди, инструментарки, рентгенолози, интернисти, општи лекари. Иако опремен, тогаш специјалистите седеа неискористени, а питомците од Воената академија се прегледуваа во Градската општа болница 8 – ми Септември. Специјалистите беа сведени на извршување на систематски прегледи на војниците на АРМ, иако центарот имаше и своја лабараторија и можност за извршување на сложени медицински интервенции.

Регионалниот Медицински тренинг центар (РМТЦ), следен од НАТО, е во формацискиот состав на Воено-медицинскиот центар (ВМЦ) на АРМ. Во него се вклучени Oдделение за превентивна медицина, Воена амбуланта, Одделение за специјалистичко консултативна дејност и Одделение за медицинска обука. Вклучени се специјалисти и акредитирани лаборатории. Во рамки на ВМЦ e предвидено да се врши подготовка на медицинскиот персонал на АРМ за учество во мисиите предводени од НАТО и ЕУ, како и реализацијата на партнерската цел за формирање на мобилна полска болница за медицинска поддршка на АРМ.

Новата власт во својата предизборна програма вети дека ќе го развива капацитетот со спроведување на обуката и негова регионализација заедно со Проектот за доопремување на полигонот Криволак, Регионалниот тренинг-центар за комуникации, Командата за обука и доктрини во АРМ , Центарот за обука „Џозеф Крузел“ и Центарот за обука на пилоти..

Слично

Поврзани вести