Обични граѓани утре излегуваат на протест: Време е сами да се избориме за чист воздух
Група загрижени граѓани кои не се поддржани од ни една и не планираат да станат дел од политичка партија за утре попладне најавија мирен протест.
Причината за протестот како што најавија на прес конференцијата е револтот поради загадениот воздух и мерките од надлежните кои како што велат, не може да го решат проблемот кој се таложи со години, само со два дена бесплатен автобус .
„Повикуваме на мирен протест и апелираме до власта и опозицијата да не се обидуваат да го злоупотребат. Ги повикуваме сите искрено загрижени граѓани да излезат на масовност и сами да се избориме да за здрава и чиста животна околина. Да го најдеме најдоброто и најбрзо решени зошто веќе немаме време“ - велат огранизаторите, обични млади граѓани.
Протестот ќе биде пред Собрание а ќе има и кратка рута до Владата.
