ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА ВЈОСА ОСМАНИ НЕМА НИКАКВИ ИНГЕРЕНЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Таа не ја почитува Македонија, а Гаши не ја признава“, Најчевска за инцицентот
Професорката
Мирјана Најчевска има свој став за вчерашниот инцидент на скопскиот Аеродром
поврзан со претседателката на Косово во кој реагирло нејзиното обезбедување,
како и обезбедувањето на Африм Гаши.
-Прво, низ скенерот на аеродром не смее да се помине со телефон. Значи телефонот мора да биде оставен настрана.
Второ, со претседателката на Косово требало да има лице од амбасадата на Косово во Македонија а нејзиното обезбедување нема никакви ингеренции во Македонија освен заштита на нејзиниот физички интегритет.
Трето, доколку имало некаков проблем лицето од амбасадата задолжено за претседателката треба да реагира до МНР кое е единствено надлежно за разрешување на вакви ситуации.
Вмешувањето на обезбедувањето на Гаши е спротивно на законите и треба да биде соодветно санкционирано (доклку имало репетирање на пиштол треба да се бара и кривична одговорност).
Со тоа што претседателката на Косово му се јавила на Гаши наместо да оди преку регуларни канали на институциите на Македонија покажала елементарно непочитување на државата во која во моментот се наоѓа.
Со тоа што Гаши испратил свое обезбедување да решава проблем поврзан со странски граѓанин Гаши покажал дека не ја признава државата чии пратеник е и не ги признава нејзините институции, пишува во објавата Мирјана Најчевска.
фото: EPA-EFE/URS FLUEELER