Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обезбедувач на Мицкоски во притвор: Осомничен за семејно насилство врз сопругата

Обезбедувач на Мицкоски во притвор: Осомничен за семејно насилство врз сопругата

Раде Ристовски кој е дел од обезбедувањето на премиерот Христијан  Мицкоски добил осум дена притвор за семејно насилство затоа што ја претепал неговата сопруга Сара.

Инфирмацијата за ТВ 24 ја потврдуваат извори и од Кривичниот суд и од ОЈО ГОКК, но и од МВР.

Ристовски според информациите од полициски извори е дел од обезбедувањето на премиерот Мицкоски и бил на работна позиција како дел од обезбедувањето односно како претходница.

Сара Ристовска е докторка и сопственичка на приватна ординација. Извори од Кривичниот суд велат дека Ристовски се гони за кривино дело за кое е предвидено затвор од шест месеци до три години. 


Слично

Поврзани вести