Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обединетата македонска дијаспора ги повика иселениците да се самопопишат

Обединетата македонска дијаспора ги повика иселениците да се самопопишат

Претседателот на Обединетата македонска дијаспора, Мето Колоски денеска на Фејсбук објави статус во кој повикува Македонците од дијаспората да се самопопишат. 

„Иако бројката на дијаспората нема да влезе во бројот на жители на Македонија, пописот на иселениците засилено се политизира, особено од страна на политичари и дипломати Албанци и се претставува како важна статистичка операција од која зависат уставните права на нивната етничка заедница. Организациите и друштва на Македонците во дијаспората во последните денови позасилено се вклучија во повикувањето на иселениците да учествуваат во пописот. Обединетата македонска дијаспора ги повикува и Македонците во Македонија да не го бојкотираат пописот“, објави Колоски.
Засега најголем  одзив за самопопишување има во Швајцарија, а најслаб во Австралија. 

Слично

Поврзани вести