ОБДУКЦИЈАТА Е ЦЕЛОСНО ЗАВРШЕНА: Телата на починатите се предаваат на роднините
Тимовите на Институтот
за судска медицинa ја завршија
обдукцијата на телатакои веднаш беа
донесени по пожарот во модуларната
болница во Тетово. Директорот на Институтот, д-р Александар Станков за Фактор
потврди дека постапката е завршена, но напомена дека во координација со
Министерството за здравство е договорено сите детали за случајот да бидат
соопштени оттаму. Исто така, директорот Станков посочи и дека извештајот од
обдукцијата е испратен и до Основното јавно обвинителство.
Оттаму, пак, како што соопштија, по извршените анализи е утврдено дека од починатите, осум се жени и шест мажи, на возраст од 29 до 78 години. ОЈО информира дека од вкупниот број, односно од 14-те тела нив 12 лица биле хоспитализирани како пациенти, додека две жртви се надворешни лица кои не биле хоспитализирани.
Инаку, во Институтот за судска медицина е донесено и неопожарено тело на помлада пациентка, болна од корона вирусот, а која починала во момент кога избувнал пожарот. Лекарите, пред да избувне пожарот ја реанимирале, но постапката била прекината кога пожарот нагло се проширил. Таа е всушност 15-тата жртва донесена во Институтот за судска медицина врз чие тело е извршена обдукција. Телата на починатите во трагедијата во Тетово денеска веќе им се предаваат на најблиските.
А.Б.
