О2 Иницијатива: Да му се наложи на Усје да работи на гас
- Зошто не направат пилот проект со неколку различни видови на филтри, да ги видат ефектите од секој од нив, да се види како ќе се покажат и да вложат во масовна примена за тие што ќе го поминат тестот, со што за една година би се решил проблемот со домаќинствата?
- Зошто не донесат одлука, индустријата во Скопје, вклучително и Усје, задолжително да работи на гас и обновливи извори на енергија?
- Зошто не го нормализираат јавниот превоз и го донесат конечно правилникот за еко налепници, со што ќе има можност да се воспостави зимски режим на сообраќај?
- Зошто не се фокусираат на измена на начинот на греење на јавните објекти?
Дополнително, има и други мерки, кои не се комплексни за спроведување, а се однесуваат на градежна, почвена прашина, палење на отпад на отворено“,реагираат овие екоактивисти.
Од таму додаваат дека мерењата покажале дека најголеми загадувачи се домаќинствата, нерезиденцијалните објекти,Усе, сообраќајот, Макстил, ТЕ-ТО, но и косовската фабрика за цемент.
„Хани и Елизит цементара (Косово) - вкупни емисии од цементарата се проценети на 319 тони. Ако се земе предвид дека цементарата се наоѓа на 11.5 км северно од Скопје, правците на ветрови, дисперзијата, врнежи и др., се проценува дека околу 35 тони би стигнале до Скопје. (2.5-2.7%)
- во зимските месеци најголем удел има греењето на дрва, 36-59%. Потоа сообраќајот, 12-28%. На согорувањето на нафта и мазут, дали за греење или во индустрија отпаѓа од 7-14%.
- во пролетните месеци горењето на разен отпад на отворено има удел од 7-35%
- во летните месеци почвената, градежна прашина е од 4-46%
- уделот на индустријата/производни процеси вон грејна сезона се движи од 15-49%
Во однос на казната и кривичната кон Усје за загадување, чисто да нема дезинформации, таа се однесуваше на надминување на азотните оксиди, не на PM2.5 и PM10,“, додаваат од таму.
