„О, БЛАГОДАРАМ НА КОМПЛИМЕНТОТ“: Јакимовски со видео порака му се заблагодари на противкандидатот Лукровски
Кандидатот за градоначалник на Карпош, Сотир Лукровски, во средбите со граѓаните рече дека се бори за градоначалничкото место на најурбаната општина во Скопје.
Видеото го сподели актуелниот градоначалник на Карпош Стевче Јакимовски, и преку видео порака му се обрати на Лукровски.
Тој му се заблагодари на комплиментите и нагласи дека Карпош е таков каков што е благодарение на него.
„Благодарам за комплиментот, Сотир. Да, Карпош е најубавото и најпосакуваното место за живеење – ама благодарение на работа и резултати, не на празни зборови.
Ако ти и другар ти Христијан го водевте Карпош, одамна ќе беше уште една Кисела Вода, Бутел или Ѓорче.
Значи едно е јасно – Карпош е тоа што е, затоа што тука се работеше“, напиша тој.
Слично
