Економија, финансии, бизнис

Контакт

НВО до владата на Македонија: Не донесувајте никакви одлуки без транспарентност и учество

НВО до владата на Македонија: Не донесувајте никакви одлуки без транспарентност и учество

Писмото испратено од 22 граѓански организации има препораки за забрзување на нашиот пат кон зелената економија. Во барањата, организациите ги исклучуваат оние одлуки што се итни и се однесуваат на здравјето и безбедноста на луѓето.

Суштинската, доследна и континуирана примена на транспарентност и добро управување е најважна во овие тешки времиња, за да не се повредат човековите права, кревкото владеење на правото и демократското донесување одлуки присутни во нашето општество, е порака испратена до Владата на Македонија денес од страна на WWF и партнерските организации. Граѓанските организации разбираат дека нашата влада работи во екстремни услови. Сепак, тие ја повикуваат владата да го одложи секое донесување одлуки што не е моментално релевантно за здравјето и безбедноста на луѓето, за кое не може да се обезбеди значајна транспарентност и учество.

Во писмото упатено до Претседателот на Република Македонија, Премиерот на Република Македонија и Претседателот на Собранието, WWF, Еко-свест, ИДСЦС, Фондација Отворено Општество, Македонска платформа против сиромаштија и други организации даваат неколку препораки кои би можеле да ја забрзаат промената кон економија која е климатски неутрална и која го штити и обновува нашиот природен свет, здравје и благосостојба. Организациите ја повикуваат владата да:

·  Да се ​​поддржи и зајакне имплементацијата и финансирањето на постојните еколошки стандарди и политики за решавање на климатската криза, загуба на биолошката разновидност и загадување на животната средина. Буџетот за ваквите проекти не смее да се крати и пренаменува.

·  Да се направисериозна инвестиција во подигнување на свеста и едукација за човековите права, одржливиот развој и заштитата на природата, зајакнувајќи го нашето општество да се соочи со идните предизвици.

·  Да се направираспределба на стимулативни фондови условени од примена на мерки од Европскиот зелен договор и Парискиот договор, со цел да се придвижи трансформацијата на нашата економија кон одржлива.

·  Да се покренатсериозни одржливи иницијативи во согласност со јавниот интерес.

·  Да се дадеподдршка на (локалните) граѓански организации.

Писмото испратено до Претседателот на Република Македонија, Премиерот на Република Македонија и Претседателот на Собранието на Република Македонија и истото е приложено до ова соопштение за печат.


Слично

Поврзани вести