Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нуркачи со уникатно запросување во Охридското езеро

Нуркачи со уникатно запросување во Охридското езеро

Можностите за нуркање во Охридското езеро секогаш се одлични, па подводните авантури се користат и за креативни активности, како на пример просење на девојка.

– Никола сакаше на уникатен начин да ја запроси девојката со која долго време е заедно, па ме контактираше да организираме нешто. Му реков само да испечати банерче и да го земе прстенот. Му кажав, другото остави ми го мене. Дојдоа и сите знаевме за настанот освен Наташа. Малку им дадов вовед во нуркањето и заедно со тимот од „Амфора“ влеговме кај Музејот на вода каде тој ја запроси под вода. Се` беше во најдобар ред и како што очекувавме, со многу искрени емоции, изјави меѓународниот нуркачки инструктор од клубот „Амфора“ Јован Секулоски за охридскиот локалниот портал.

Честитки до среќниот пар.

Слично

Поврзани вести