Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нуредини: Охрид го задржува статусот на УНЕСКО

Нуредини: Охрид го задржува статусот на УНЕСКО

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во своето обраќање на сесијата на Комитетот на УНЕСКО изјави дека му е драго што Охридското Езеро и регионот ќе имаат можност да го задржат својот статус. 

Тој вели дека сега е време да се спречи во иднина да не дојде до една ваква ситуација. 

„Ќе имаме време за да ја комплетираме заштитата на ова неверојатно природно и културно светско наследство, но ова значи дополнителна одговорност“, истакна  Нуредини. 

Министерот Нуредини ги повика сите чинители, приватниот сектор, локалната самоуправа, сите граѓански организации, да соработуваат и да го дадат својот придонес кон заштитата на езерото и целиот регион.

Министерката за култура, Ирена Стефоска порачува дека оваа одлука е последен момент, последен аларм да се интензивираат активностите на сите засегнати страни со цел да се зачува статусот на Охридскиот регион.

Слично

Поврзани вести