Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нуредин: По 2024 ќе купуваме уште 98 борбени возила од САД

Нуредин: По 2024 ќе купуваме уште 98 борбени возила од САД

Заменикот началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, денеска кај полигонот Криволак рече дека Владата по 2024 година ќе купи уште 98 оклопни борбени возила за армијата од САД.

Нуредин ги очекува првите 33 лесни тактички оклопни возила JLTV на производителот „Oshkosh Defense“ во првата половина од 2022 за кои Владата веќе потпиша договор, а истите беа презентирани вчера на армискиот полигон „Криволак“ .

До 2024 треба да се набават вкупно околу 150 вакви возила, а генерал-мајорот најавува дека процесот на модернизација ќе продолжи и по овој период во рамките на Законот за јавни набавки од одбраната и безбедноста.

„Втората фаза е после 2024 година, ќе треба да се купат 98 возила, при што ќе се заокружи процесот на модернизација на единиците. Сите овие процеси се одвиваат согласно интерните процедури“, најави Нуредин.

Првите 33 лесни оклопни возила JLTV се веќе платени по склучениот договор со САД. Во првата фаза која трае од 2019 до 2024 година треба да бидат набавени вкупно 151 возило.


Слично

Поврзани вести