Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нула отпад и повеќе зеленило во Карпош!

Нула отпад и повеќе зеленило во Карпош!

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од СДСМ, Душко Весковски, најавува повеќе и поквалитетно зеленило во таа општина, како и изградба на голем зелен парк, доколку ја добие довербата од гласачите во вториот круг на изборите.

„Нашата политика во наредните четири години е фокусирана на подигнување
на нивото и квалитетот на одржување на постојното зеленило и садници и
воспоставување нови зелени површини, а клучниот капитален проект е
изградбата на големиот зелен парк спроти населбата Карпош 4“, се вели во програмата на Душко Весковски, во која се наведени поголем број предвидени проекти.

Натаму, како што се додава, заложба на локалната власт предводена од овој кандидат, ќе биде субвенционирање на граѓаните во Општина Карпош со инвертери заради зголемување на енергетската ефикасност, а со тоа намалување на загаденоста, односно заштита на животната средина.

„Еден од нашите главни приорите е одржување на високо ниво на комуналната хигиена и урбаната опрема во Општината, за што ќе ангажираме соодветен број комунални редари. Во соработка со НВО, градските јавни претпријатија и општествено одговорните компании, нашата политика е Карпош да прерасне во општина со ‚нула отпад'. Иако климатските промени, заштитата на водните ресурси и пречистувањето на отпадните води се прашања за кои општината нема посебни ингеренции, нашата политика во наредниот четиригодишен период е активно да се вклучиме во активностите што ги спроведуваат Владата и Град Скопје. Тоа особено се однесува на заштита на реката Вардар и изградбата на пречистителната станица за отпадни води на Град Скопје“, се вели во програмата на кандидатот за градоначалник на општина Карпош, Душко Весковски.

фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести