Нухиу вели дека граѓаните нема да ги плаќаат мини-лепенките
Агим Нухиу, заменик-министерот за внатрешни работи, во разговор за грчкиот ЕРТ3 рече дека граѓаните нема да ги плаќаат мини-лепенките со кои привремено треба да се покрие кодот MK на регистарските таблички на возилата.
Во следните четири месеци регистарските таблички ќе бидат заменети кога ќе биде утврден новиот меѓународен код, додека пак лепенките се привремено решение за преодниот период. Во јавноста имаше дилеми кои ќе ги плаќа овие лепенки.
- Имаме решение за преодниот период. Подготвивме т.н. бесплатни лепенки за сопствениците на возила додека да го имаме новиот сообраќаен код на земјата, објаснува заменикот министер за внатрешни работи, Агим Нухиу во интервјуто за ЕРТ3.
Слично
