Нухиу: УНЕСКО во февруари ќе го извади Охрид од неговата листа и никому ништо
Новинарот Арменд Нухиу на социјалните мрежи се огласи по повод дивоградбите на ДУИ во Охрид и на Матка.
Нухиу напиша статус на социјалните мрежи во кој вели дека и покрај тоа што Хефи Усеини отворил пицерија на дивоградба во центарот на Охрид, од државата нема никаква реакција. Тој се надоврза и за кањонот Матка во кој луѓе на ДУИ држат диви платформи.
„Нефи Усеини, советник на ДУИ завчера отвори пицерија дивоградба во центарот на Охрид. УНЕСКО во февруари ќе го извади Охрид од неговата листа. И никому ништо. На Матка луѓе на ДУИ држат диви платформи, никому ништо. Да ти се плукнам во државата каде коалициски интереси се над законите“, пишува Нухиу.
Нухиу во еден од своите статуси напомена и дека ДУИ со години работи на ширење на некој квази национализам со кој се обидува да ја затскрие својата неспособност.
