Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нухиу: Полицијата да гарантира безбедност за сите граѓани

Нухиу: Полицијата да гарантира безбедност за сите граѓани

Министерот за внатрешни работи Агим Хухиу одржа говор по повод денот на македонската полиција во кој побара поголема транспарентност во работењето со цел доближување до граѓаните чија безбедност е врвен приоритет.

„Треба сите заедно да се ангажираме, за да поставиме една темелна транспарентност, чекор по чекор, во секој поглед на воспоставувањето на односите помеѓу полицијата и граѓаните, со заедницата и со пошироката јавност“, рече Нухиу.

Пред МВР беше положено цвеќе, а присуствуваа и семејствата на загинатите бранители. Министерот на МВР, Агим Нухиу нагласи дека треба сите да се ангажираме за што поскоро, целата полиција да се стави во служба на државата и општеството.

Откако го одржа говорот министерот Нухиу, следеше аплауз од присутните, но Директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, кој доби големи критики за начинот на кој се справи со насилствата во Собранието, не беше расположен за аплауз.


Слично

Поврзани вести