Нухиу по изборот на Абази: Со нетрпение очекуваме напредок во истражните постапки
Агим Нухиу, заменик министерот за правда го поздрави изборот на Ислам Абази за нов шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, кој се случи попладнево.
„Очекуваме поголем напредок во оперативната соработка со меѓународните партнери и координација на активностите меѓу обвинителството, полицијата и другите релевантни тела против организираниот криминал и корупцијата за подобрување на ефикасноста на спроведувањето на законот. Со нетрпение очекуваме напредок во истражните постапки, во гонењето и казнувањето на случаите на организиран криминал и перење пари со фокус на конфискација на имотот од криминал“, напиша Нухиу на својот Фејсбук-профил.

Абази е роден во Зајас, родното село на Али Ахмети, претседателот на ДУИ.
