Нухиу најави одговорност затоа што структури на МВР не ја завршиле работата
Министерoт за внатрешни работи Агим Нухиу изјави дека го осудува синоќешниот инцидент во Собранието, додавајќи дека структури на МВР не си ја завршиле работата и најави дека ќе има одговорност.
„Инсистирав да се формира оперативен штаб, уште кога почнаа протестите. Имавме планови за три претпоставени ситуации. Кога протестите ќе бидат насилни, кога ќе се избира претседател на Собранието и кога ќе се избира претседател на Владата. Раководител на оперативниот шаб беше Митко Чавков. Но, се до 20 часот тој не беше достапен за мене“ - вели Нухиу.
Министерот вели дека е разочаран што во полицијата политиката има големо влијание, па наместо дел од вработените да ги почитуваат законите, тие постапуваат по наредба на политичките центри.
Нухиу кажа дека е згрозен од однесувањето на дел од демонстрантите кои не дозволиле да интервенираат екипи на Итната помош.
