Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нухиу му одговори на Села за потфрлањето: А што ако на чело на МВР не беше Албанец?

Нухиу му одговори на Села за потфрлањето: А што ако на чело на МВР не беше Албанец?

Актуелниот министер за внатрешни работи Агим Нихиу смета дека изјави на Зијадин Села за целосното потфрлање да се справи со ескалацијата на насилството во Собранието на 27 април се емотивни и дека тој сторил се што е во негова законска надлежност да дојде до интервенција за да бидат спасени пратениците и новинарите. 

„Јас сум отворен за секоја проценка и емотивна критика. Но, би сакал да ви појаснам Вам и на јавноста дека албански министер на МВР не е предводен од емоциите, туку според Законот и институциите. Бидете уверени дека јас ги преземав сите активности кои се во моја надлежност, една по една, сè до последен збор од Законот. Сигурно дека јавноста ќе треба да се запраша  – Што доколку на чело на МВР, во вакви околности, министерот не беше Албанец, посочи Агим Нухиу за ТВ21.

Претходно за истата телевизија Села запраша како еден министер за внатрешни не може да собере десетина полицајци и да го спречи срамот кој се случуваше во Собранието.

Главното образложение на Нихиу по Крвавиот четврток беше дека раководни лица во МВР одбиле да ги послушаат неговите наредби и дека дејствувале по исклучиво партиски директиви и дека тој не бега од одговорност нудејќи ја својата оставка од морални причини. 

Слично

Поврзани вести