Нухиу: Ќе барам одговорност, полицијата не си ги заврши обврските
Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу за Алсат М изјави дека ќе побара одговорност од сите ангажирани во Оперативниот штаб и зошто полицијата не реагираше на време.
- Навремено беше формиран оперативен штаб кој функционира уште од почетокот на протестите, но полицијата не ја заврши работата, рече Нухиу.
Вчера полицијата воопшто не реагираше кога демонстрантите ја пробиваа оградата, кога влегоа внатре во Собранието и кога речиси непречени од никого удрија врз пратениците и новинарите.
Слично
