Економија, финансии, бизнис

Контакт

НУХИУ И МАРИЧИЌ НА ИСТА ФОТКА: За каузата дејствуваме, повлечена е листата за помилување

НУХИУ И МАРИЧИЌ НА ИСТА ФОТКА: За каузата дејствуваме, повлечена е листата за помилување

Ја информираме пошироката јавност дека Иницијативите за помилување покренати од Управите на затворите се повлечени од страна на Министерството за правда, објави заменик министерот за правда Агин Нухиу. Тој претходно рече се оградува од списокот со помилувања на осуденици потпишан од министерот Бојан Маричиќ, а кој требаше да биде испратен кај претседателот Стево Пендаровски.
Во последната објава Нухиу објавил и фотографија со Маричиќ и напишал
За каузата на правдата ние секогаш ќе дејствуваме!

На списокот за помилување од издржување на дел од затворската казна или за целосно помилување како предлог до претседателот на државата Министерството за правда имаше 48 лица. Меѓу нив и бизнисменот Сеат Кочан, Александар Василевски-Нинџа, контроверзниот сведок на обвинителството за случувањата на 27 април 2017 година, Бобан Илиќ, осуден за убиството на 4 годишниот Алмир во Куманово... 


Претседател на Комисијата за помилување е Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, а членови на Комисијата се:

-Фехми Стафа, државен правобранител;
-Љубомир Јовески, јавен обвинител;
-Љубомир Михајловски, адвокат;
-д-р Темелко Ристевски, правник, полковник во пензија;
-Ерол Рушид, доктор;
-Зора Митиќ, доктор;
-Божин Аврамовски, судија во пензија;
-Сафет Алиу, поранешен судија во Врховен суд;
-Томислав Кежаровски, новинар;
-Билјана Петковска, извршна директорка на Македонскиот институт за медиуми.


Слично

Поврзани вести