Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Нудеше влез во Владата, без да бара претседателско место во Собранието“: Стојаноска објави 'Ахмети прифати министер помалку'

„Нудеше влез во Владата, без да бара претседателско место во Собранието“: Стојаноска објави 'Ахмети прифати министер помалку'

Пратеничката од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, преку социјалните мрежи реагираше на изјавите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Имено, во јавноста пороструиа инфорамции дека Ахмети тврди дека пред една година договорил предвремени избори со премиерот Христијан Мицкоски.
Но, Стојаноска посочува дека вистината е нешто сосема друго.
- Али Ахмети кажува дека со претседателот Мицкоски пред една година договорил предвремени избори, но не ја кажува вистината за средбата во мојата канцеларија, каде нудеше влез во Владата, без да бара претседателско место во Собранието и со прифаќање едно министерско место помалку од тоа што го бараше Влен, само да биде дел од истата оваа влада. Но, ние останавме истрајни во она што беше порака од народот - дека ДУИ мора да оди во опозиција. Друг пат, пред да кажува невистини, нека размисли добро и нека биде подготвен дека ние ќе кажуваме вистини.

Прашањето е дали ваквите изјави служат за да се спречи ерозијата во сопственото членство и кај досегашните нивни поддржувачи? - потенцира на крајот од објавата. 


Слично

Поврзани вести