Економија, финансии, бизнис

Контакт

НСП НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Бараме враќање на глобата од 1.000 евра за омаловажување на државни органи, утре марш во Битола - заканувачите да одат во притвор!

НСП НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Бараме враќање на глобата од 1.000 евра за омаловажување на државни органи, утре марш во Битола - заканувачите да одат во притвор!

Вчера во Куманово се одржа првата седница на НСП за 2026 година, на која беа донесени повеќе заклучоци и барања поврзани со статусот и условите за работа на полициските службеници.

Како што беше соопштено, НСП ќе побара работна средба со министерот за внатрешни работи, на која лично ќе бидат пренесени неколку приоритетни барања. Меѓу нив се итно зголемување на платите, решавање на проблемот со неискористените слободни денови од прекувремена работа, укинување на телеграмата со која се забранува користење на мобилни телефони за припадниците на граничната полиција, како и надминување на проблемот со намалување на платата на припадниците на ОСПО за време на боледување.

На седницата е донесена и одлука за итна организација на полициски марш во Битола, кој ќе се одржи на 8 февруари 2026 година. Маршот ќе започне во 11 часот пред Основното јавно обвинителство, а ќе заврши на плоштадот Магнолија. Преку маршот, полициските службеници ќе побараат притвор за лицата кои, како што наведуваат, упатувале закани кон полицијата, како и еднаква примена на законите и правда за полициските службеници.

Дополнително, НСП бара итна измена на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, со враќање на поранешната глоба од 1.000 евра за омаловажување на државни органи и полициски службеници, наместо сегашните казни од 50 или 150 евра. Според НСП, ваквата измена е неопходна за враќање на достоинството и авторитетот на полицијата.


Слично

Поврзани вести