Економија, финансии, бизнис

Контакт

НСП: На полицајците не им се исплаќа прекувремена работа

НСП: На полицајците не им се исплаќа прекувремена работа

Голем број на полицајци не добиваат надомест за прекувремената работа, а ова е проблем на кој повеќе пати досега реагира Независниот синдикат на полицијата.

НСП денеска обвини дека околу на 1.500 припадници на полицијата не им се исплаќаат прекувремените работни часови.

Претседателот на синдикатот Гоце Тодев Делчев изјави дека според нивните информации има бројни станици каде на вработените не им е исплатено за сработената прекувремена работа.

– Го предупредуваме Министерството за внатрешни работи итно да отпочне со проценка на сите доставени списоци кои се однесуваат на прекувремените работни часови и тие да бидат исплатени, изјави синдикалниот лидер Делчев.


Слично

Поврзани вести