Економија, финансии, бизнис

Контакт

НСДП: Со вчерашниот настан личното обезбедување на Мицкоски демонстрираше насилие

НСДП: Со вчерашниот настан личното обезбедување на Мицкоски демонстрираше насилие

ВМРО-ДПМНЕ преку министрите го воскресна „МВРО“, велат од НСДП.

Велат дека владеењето на ВМРО-ДПМНЕ се карактеризираше со трите „П“: пендрек, пари и пропаганда. 

„Не поминаа повеќе од дваесеттина дена откако ВМРО-ДПМНЕ партиципира во преодната Влада и веднаш го земаа првото П – ПЕНДРЕКОТ“, пишуваат на социјалните мрежи од владејачката НСДП.

Оттаму порачуваат дека „Христијан Мицкоски преку личниот адвокат, а сега министер за внатрешни работи го воскреснува МВРО. Велат дека матрицата на делување на МВРО-ВМРО останува иста, не им беа доволни седум години за да се реформираат.

„Со вчерашниот настан личното обезбедување на Мицкоски демонстрираше насилие и надмоќ врз службено лице вработено во МВР. Седум години со широк општествен и институционален консензус и со поддршка од меѓународните партнери се направија голем број на реформи за професионализација на безбедносните служби, а само преку еден настан МВРО покажаа како се рушат стандардите и системот“, велат од НСДП.

Од партијата го осудија „ваквото непрофесионално однесување на блиските луѓе околу Мицкоски“ и очекуваат да поднесат одговорност.

„Граѓаните ќе ценат каква иднина сакаат, дали сакаат професионални институции или враќање на МВРО-ВМРО“ е партискиот став.

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски на социјалните мрежи напиша дека во однос на инцидентот кој се случи изутринава пред угостителски објект на територија на СВР Скопје, а во кој се инволвирани полициски службеници, работат на расветлување. Тој го осуди насилството. 

Слично

Поврзани вести