НСДП: Kaдри кои служеле на режимот на Груевски нема да донесат реформи
Од НСДП соопштија дека нема да дадат поддршка за ваков состав и програма на Влада.
Велат дека кадри кои служеле на режимот на поранешниот премиер Никола Груевски, почнувајќи од Христијан Мицкоски, не може да донесат и спроведат реформи. Како што наведуваат, матрицата од претходното нивно владеење останува иста.
„Во град Скопје и во општините три години го гледаме нивниот начин на спроведување на „реформи“ и нови проекти, хаос, безредие, прсти во медот, блокирани и нефункционални локални институции, партиски вработувања и скандали. Првите потези и чекори го најавуваат моделот на владеење, особено ако ги гледаме потезите на претседателката на државата која уште во првите недели од мандатот го крши Уставот, ги влошува односите со соседите и на нeдостоинствен начин ја претставува државата. Од ВМРО-ДПМНЕ очекуваме да ретерира и отстапува од изборните ветувања со кои ги изманипулираа гласачите, тоа се гледа и по првите потези на нивното делување: не го намалија бројот на министерствата, го прифатија Преспанскиот договор наместо да го ревидираат како што веруваа во предизоборната кампања и нема да го вратат претходното уставно име, не предлагаат ревидирање на Охридскиот договор и договорот со Бугарија, вонинституционално договараат задолжување од една милијарда евра, ги влошуваат односите со соседите“, реагираат од НСДП.
Идната влада на Христијан Мицкоски ќе има 24 члена. Мандатарот за состав на новата Влада, Христијан Мицкоски, денеска до Собранието ја достави предлог-програмата за работата на идната влада и списокот на членови во новиот кабинет. Очекува изборот на новиот кабинет пред пратениците да се најде овој викенд на 22 и 23 јуни.
