Економија, финансии, бизнис

Контакт

НПС: Нема ништо спорно во постапките на полицаецот од Струмица

НПС: Нема ништо спорно во постапките на полицаецот од Струмица

Независниот полициски синдикат застана зад полицискиот службеник од Струмица кој при интервенција против лица осомничени за кражба кои бегале и пружале отпор испукал од службениот пиштол еден куршум кој ранил две момчиња. НПС реагира на начинот на кој одредени медиуми известуваа за инцидентот во кој однапред се прогласуваат победници. 

Според претседателот на полицискиот синдикат, Гоце Делчев Тодев, не била почитувана презумпцијата на невиност на учесниците во овој настан, што било направено со цел полициските службеници кои ги извршувале своите работни задачи да бидат прикажани како непрофесионалци и да бидат обвинети дека сториле нешто пред да биде завршена истражната постапка.

„Бараме и полициските службеници, учесници во кривично правниот настан на подрачјето на СВР Струмица да не бидат предвреме осудени, односно, на сите учесници да им биде почитувана презумпцијата на невиност. Исто така, бараме лицата кои го имаат предизвикано овој настан да добијат кривични пријави за спречување на службено лице во вршење на службено дејствие, напад врз службено лице и загрозување на безбедноста во сообраќајот“, рече Делчев Тодев.

Независниот синдикат на полицијата целосно ќе застане во одбраната на полицаецот од Струмица кој според нив, правилно и законски ги извршувал работните задачи.


Слично

Поврзани вести