Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новото министерство го има во т.н. „Тиранска платформа“.

Новото министерство го има во т.н. „Тиранска платформа“.

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците што треба да биде замена за Генералниот секретаријат за спроведување на Рамковниот договор го пишува во т.н. „Тиранска платформа“ во точка 2. На „тиранската платформа“, беа потпишани ДУИ, Алијанса за Албанците, Беса, ДПА и Еди Рама, премиерот на Албанија по изборите на крајот од 2016-та, објави МКД.

„Постигнување економска рамноправност и оп­штествена благосостојба, особено преку рамномерен регионален развој - создавање нов механизам, во форма на една државна комисија за финансирање на општините, за донесување одлуки со право за владини грантови во корист на општините; создавање министерство за политички систем и за односи меѓу заедниците, како надлежен орган за почитување на правата на заедниците и за поттикнување на економскиот и на социјалниот развој во неразвиените подрачја; oстварување правична застапеност во органите за безбедност, војската, разузнавањето и правдата и остварување правична застапеност во сите нивоа на централната власт, како и во јавните служби или претпријатија со јавни акции“, е наведено во точка 2.

Иницијативата за формирање ново министерство веќе е поднесена од Јован Митрески од СДСМ, Артан Груби, Џеват Адеми, Реџаиљ Исмаили и Ејуп Алими од ДУИ, Панчо Минов, независен од ГРОМ и Зеќир Рамчиловиќ од независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку расформирањето на Генералниот секретаријат за спроведување на Рамковниот договор, кој по правило го води владин потпретседател, ќе се расформира со новото министерство и 1.700-те вработени треба да бидат прераспределени.

Слично

Поврзани вести