Новороденчињата имаат најстари мајки во Италија, Шпанија и Швајцарија, каде е Македонија во Европа?
Во просек, жените во Италија го раѓаат своето прво дете на 31-годишна возраст, додека во Турција на 22-годишна возраст. Во регионот најмладите мајки се во Албанија, според податоците од Евростат, ЦИА и националните статистички заводи и агенции.
Просечната возраст на жените при породување на првото дете во Европа е во пораст. Просекот во Европската унија во 2013 година изнесуваше 28,7 години, додека во 2017 година се зголеми на 29,1 години. Зголемувањето на оваа возраст се случи во сите членки на ЕУ, но во различни пропорции - најмногу во Естонија, каде што возраста се зголеми за 1,2 години, додека најмалата промена остана во Чешка - 0,1 години.
Земјите на ЕУ каде првородено дете е од мајка со најстара возраст е во Италија (31.1), Шпанија (30.9) и Луксембург (30.8 години). Најмладите мајки на ЕУ се во Бугарија (26.1), Романија (26.5) и Латвија (26.9).
Во регионот, просечната возраст на жените при породување на првото дете е највисока во Словенија - 28,8 години, потоа Хрватска - 28,6, Србија 27,8, додека во БиХ просечната возраст е 27,3 години.
Во северна Македонија и Косово, жените за првпат раѓаат во просек со 26,9 години и во Црна Гора 26,3. Во Албанија имаат 26,1 година, додека во Грција се најстари на Балканот со 30,4 години.
Треба да се нагласи дека податоците за Црна Гора се од 2010 година и за Косово од 2016 година
Набљудувајќи ги сите земји, најниска просечна возраст кај жените при породување е во Турција - 22,3 години (податоци за 2010 година).
Жените раѓаат првп дете пред 25 навршени години и во Азербејџан (23,8), Молдавија (24,2), Русија (24,6) и Ерменија (24,7)
