Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новопреработената „химна“ за Тодор Александров ечи пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ја пофали

Новопреработената „химна“ за Тодор Александров ечи пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ја пофали

Пред палатата „Христо Татарчев“, седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, ечи новопреработената песна од Некс Тајм „Нешто ќе те питам бабо“, која е неофицијална химна за историскиот лик Тодор Александров.

„Со оваа песна растевме, со оваа песна ќе продолжиме да работиме, за нејзе, за Македонија. Одлично сработено дело. Македонија вечна! Браво момци – напиша на својата Фејсбук страница лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Дуото „Некс Тајм“.ја промовираше својата последна преработка синоќа во Драмски театар во Скопје.

Слично

Поврзани вести