Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новомаалци се мобилизираат: Ако се суспендира планот ќе тужат и ќе блокираат улици

Новомаалци се мобилизираат: Ако се суспендира планот ќе тужат и ќе блокираат улици

Жителите на Ново Маало ќе бараат правен тим кој ќе ги брани нивните ставови, а откако вчера ја поднесоа петицијата до Владата и до Општина Центар со која побараа во ниту еден случај да не се направи суспензија на планот, акт кој, како што велат, би ја спречил изградбата на комплексот кај Холидеј Ин.

„По досегашните консултации со правни експерти, децидно укажуваме дека нашите права се неопсориви, пред се правото на сопственост на имотот со кој располагаме што е уставно загарантирано право на секој човек. Правото на сопственост како уставно загарантирано право на сопственикот му дава права имотот да го држи, целосно да го користи и да располага со него по своја волја. Досега делуваме конструктивно, но сега, уште еднаш повторуваме дека сме целосно подготвени да ги искористиме сите правни механизми за што и официјално започнавме правни консултации, доколку општината одлучи да го суспендира ДУП-от со кој сме засегнати, стои во соопштението

Велат дека суспензијата ќе ги загрози правата кои ги наведуваат и заради тоа ќе поднесат колективна тужба за претрпена штета од 1930 до 2021 година пред државните институции, но и до Стразбур. 

„Како што наведовме и претходно, работиме и на пријава до Управна инспекција заради непостапување на општината. Исто така, напоменуваме дека до добивање на конечен одговор на нашите тужби, до последниот ден, ние жителите на Ново Маало ќе ги блокираме сите улици кои ја оградуваат парцелата, велат жителите.


Слично

Поврзани вести