Новоизбраната уставна судијка Елизабета Дуковска почна со работа - и понатаму празни уште две места
Денеска во Уставниот суд со работа почна новоизбраната судијка Елизабета Дуковска.
Утрово беше примена од претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, доби работен материјал за седницата која ќе се одржи на 12 април 2023 година. Дуковска се запозна и со вработените во службата на Уставниот суд и во следниот период ќе добие предмети за работа кои ќе ги води како судија-известител.
Мандатот на судијката Елизабета Дуковска во Уставниот суд е девет години.
Уставниот суд досега функционираше со шест од предвидени девет судии. Со Дуковска ќе останат уште две места за пополнување од кои за едното расправата е блокирана во Собрание, а за другото повеќе од една година не е распишан оглас.
Слично
