Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВОГОДИШНО ДРУЖЕЊЕ: Спасовски со децата на припадниците на САЕ ,,Тигар", ЕБР и ЕОП

НОВОГОДИШНО ДРУЖЕЊЕ: Спасовски со децата на припадниците на САЕ ,,Тигар", ЕБР и ЕОП

За првпат во Министерството за внатрешни работи, денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со шефот на кабинет, Митко Бојмацалиев,  предновогодишно  поделија пакетчиња во присуство на Дедо Мраз и се  дружеа со децата на припадниците и припадничките  на  Специјалната антитерористичка единица ,,Тигар" во касарната Илинден и со децата на припадниците на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка во Полицискиот центар ,,Ѓорче Петров".

Раководството на МВР со децата сподели најубави желби за Новата година и  разговараа за тоа колку е важна професијата на нивните родители во служба на граѓаните  и за заедницата. Притоа, Спасовски и Бојмацалиев изразија благодарност и почит  кон храбрите  припадници  и припаднички на специјалните сили, кои секојдневно  неуморно работат за да ги зачуваат мирот и нашата  безбедност.

„Децата се нашата иднина и нашата најголема радост. Посакувам здравје, среќа и многу успеси на нивните родители кои се суштински столб на полициското работење. Нека овој новогодишен настан биде симбол на нашата заедничка надеж и ангажман за подобро утре. Заедно, солидарни и со меѓусебна поддршка, можеме да градиме подобро општество и посветла иднина за сите”, рече Спасовски.

Потенцирајќи дека за првпат се организира вакво дружење на министерот Спасовски со децата на припадниците на специјалните единици, Бојмацалиев рече:

„Ова раководство на МВР во своите стратешки определби се одликува со  постојана  грижа за луѓето професионалци, непоколебливи и  решителни во извршувањето на професионалните  секојдневни задачи, посветени на една повисока цел - заштита на заедницата,  сигурноста и безбедноста на сите граѓани”, истакна Бојмацалиев.

Слично

Поврзани вести