Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВОГОДИШНИОТ БАЗАР ЗАПОЧНА: Голем број граѓани се собраа на плоштадот Македонија (ФОТО)

НОВОГОДИШНИОТ БАЗАР ЗАПОЧНА: Голем број граѓани се собраа на плоштадот Македонија (ФОТО)

Во Скопје, и покрај големиот број негативни коментари изминатиов период, вечерва започна новогодишната музичка програма која ја посетија голем број жители на главниот град. 

Интересот за следење на настапот на членовите на „Дајте музика“ бил огромен, велат посетители за Фактор. 

Првата вечер од музичката програма која ја организира Град Скопје во соработка со „Комора на музичка индустрија“ ја отвори нашата позната водителка Лила Филиповска. 

Како што може да се забележи од фотографиите, на плоштадот во главниот град има голем број граѓани. 

Инаку, од вечерва, па се до 7 јануари 2024 година најавени се повеќе настапи на плоштадот Македонија. 

- Раководството на ‘Комора на музичка индустрија’ овозможи музичка програма за сечиј вкус, од најпопуларните изведувачи меѓу помладата публика, до македонските музички ветерани. Во понеделник (25.12.2023) празничниот базар ќе се отвори со настапот на младите талентирани музичари од Дајте музика, забавата ќе продолжи со музиката на бендот Брастет Скопје, а атмосферата ќе ја вжештат Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд - беше посочено во соопштението испратено деновиве до медиумите. 

За дочекот на Новата 2024 година, на Плоштад Македонија ќе настапуваат Тин Камп, Лејдис Оркестра, Пауза за ракија, Тринити Стрингс, Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Блага Петреска и Душко Георгиевски.

Фото: Фактор

Слично

Поврзани вести