НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА НАЈМЛАДИТЕ НА ПЛОШТАДОТ МАКЕДОНИЈА - празничните забави продолжуваат и следните денови
Голем број граѓани се собраа денеска на плоштадот Македонија каде со делење новогодишни пакетчиња, музички настапи се одбележува дочекот на следната 2026 година.
Настанот е во организација на град Скопје.

- Новогодишната бајка, започна!
Денес, со насмевки, радост и многу изненадувања, се дружевме со најмладите и заедно ја почувствувавме вистинската празнична магија.
Дедо Мраз пристигна со полни раце подароци и внесе топлина и радост во срцата на сите дечиња.
Ви благодарам што бевте дел од оваа прекрасна приказна и што заедно создаваме моменти кои ќе се паметат.
Празничната забава продолжува секој ден.
Фото: Фактор
Ве очекуваме! - напиша градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Слично
