Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новогодишни чуда во Битола и Прилеп

Новогодишни чуда во Битола и Прилеп

Двата најголеми македонски града зад Скопје - Битола и Прилеп доживеаја „предновогодишни чуда“ во Пелагонија. 

Битола по шест години доби функционален авто-полигон за полагање на возачки испити, откако денес за прв пат кандидатите полагаа за добивање на оценка. Ова ветување беше дел од општинското раководство. Полигонот е лоциран на излезот од Битола, во населбата Горно Оризари, на земјиште во сопственост на Владата на РМ, кое и беше доделено на Општина Битола, а е изграден како донација од „Автомакедонија“.

И во Прилеп „Дедо Мраз донесе“ мерна станица која ќе го покажува квалитетот на амбиенталниот воздух во градот, поставена во центарот на градот на зградата на Општина Прилеп. Од локалната самоуправа рекоа дека прилепчани ќе добиваат точни информации за загаденоста на воздухот. 

Слично

Поврзани вести