Ново задолжување, Владата се сврте кон обврзници !
Денеска на домашен терен Владата ќе се задолжи со 24,3 милиони евра. Според објавените проспекти на Министерството за финансии, станува збор за пет одделни аукции на државни записи и обврзници. Најголема сума, од 11,3 милиони евра се планира да се обезбеди преку 6 месечни хартии од вредност. Потоа следуваат две аукции на едногодишни записи и уште две аукции на обврзници со рок на отплата од пет години, преку кои треба да се соберат скоро 6 милиони евра.
Задолжувањето преку долгорочни хартии од вредност стана практика во изминатиот период, кога во пакет со задолжувањата преку записи, се спроведуваат и задолжувања преку обврзници.
И покрај тоа што Народата Банка и Владата неколкукратно ги намалија каматите за државните и за благајничките записи, интерсот од страна на банките и приватниот сектор за чување на слободните пари на овој начини не забави.
Напротив, речси на секоја аукција побарувачката за хартии од вредност е поголема отколку понудата, што според познавачите, и натаму упатува на тоа дека опасноста од кризата сеушуте се присутни поради што банките бараат начин како да ги пласираат слободните пари за гарантирана камата, без ризик.
Според последните податоци на Министерството за финасии, заклучно со април, Владата по основ на хартии од вредност должи 927 милиони евра. Ова ниво постојано се зголемува на месечна основа. Само за четири месеци, или во однос на декември 2012 та година, внатрешното задолжување преку записи се зголеми за 120 милиони евра.
Долгот на Владата само по основ на издадени хартии од вредност на домашен терен зафаќа 34% од Јавниот Долг на Централната Влада кој изнесува 2,7 милијарди евра.
По основ на доспеани записи, утре Владата во приватниот сектор треба да врати 24,4 милиони евра, колку што практично треба да се задолжи денеска.
