Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВО ТРУЕЊЕ СО ХРАНА: Петмина побарале помош на Инфективната клиника

НОВО ТРУЕЊЕ СО ХРАНА: Петмина побарале помош на Инфективната клиника

Пет лица со знаци на труење со храна се јавиле на Клиника за инфективни болести во Скопје.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршил вонреден инспекциски надзор во „Гостилница ДМ“ во Дебар Маало каде што јаделе петмината.

Од извршениот вонреден инспекцискиот надзор констатирано е незадоволително одржувана хигиена во објектот и веднаш е извршена превентивна дезинфекција, дезинсекција и дератизација. 

Надзорот исто така утврдил дека вработените лица во кујна користат заштитна опрема при работа, а сите присутни вработени лица носат работна облека.

При надзорот се земени материјали за микробиолошко испитување, од работни површини во кујна и од кујнска опрема, брисеви од вработените, мостри од храна.

Објектот е времено затворен.

Деновиве труење со храна имаше во сендвичарницата „Седмица“. 

Слично

Поврзани вести