НОВО СПОЈУВАЊЕ: Штедилница „Мак БС“ се спојува со Капитал банка?
Акционерите на Капитал банка и на штедилницата „Мак БС“ кон крајот на овој месец треба да донесат одлука со која штедилницата ќе се припои кон банката. Предлогот за спојување е доставен од страна на мнозинскиот акционер „Алфа финанс холдинг“ од Софија.
Откако ќе биде донесена одлука на Собранието на акционери, спојувањето треба да го одобрат и регулаторните тела.
Претходно, Фактор веќе објави дека Поштенска банка се присоединува кон Еуростандард банка.
Со наведените припојувања, се окрупнува банкарскиот сектор во Македонија на кој остануваат 15 банки и три штедилници.
Слично
