Ново рочиште за „кинеските“ автопат
Продолжува судењето за предметот „Траекторија“ за склучениот договор со кинеска компанија за изградба на гоелмите патишта во Македонија.
Поранешниот премиер Никола Груевски, екс вицепремиерот Владимир Пешевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски и екс директорот на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски денеска повторно ќе седнат на обвинителна клупа во предметот „Траектроија“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
Сучајот се однесува на договорите со Кинезите за изградбата на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево Охрид. Груевски е обвинет за делото примање награда за противзаконито влијание, а останатите тројца за злоупотреба на службената положба и овластувања.
Според обвинението, во периодот од октомври 2012 до октомври 2013, поттикнати од тогашниот премиер Груевски останатите обвинети ги искористилеи пречекориле овластувањата во постапката за избор на компанија која ќе ги гради автопатските делници и на тој начин прибавиле имотна корист за компанијата односно го оштетиле буџетот за 155.117.256 евра.
За овој предмет обвинетите и обвинителите веќе се сретнаа во судница на две рочишта. Првото беше откажано бидејќи обвинетите и нивните адвокати побараа од судот да овозможи снимање на рочишта. На второто на 18 декември, пак, адвокатите бараа дополнително време за да извршат увид во доказите, меѓу кои се и 315 „бомби“ односно телефонски разговори и СМС пораки, за кои сакаа да ги добијат во аудио формат.
Обвинителката Лиле Стефанова, пак, истакна дека тие добиле транскрипти од разговорите, а ако им ги дадат во аудио формат, снимките може да се контаминираат односно да се изврши манипулација со нив. Таа потенцираше дека во текот на истрагата, обвинетите добивале покани да се јават во СЈО каде можеле да ги слушнат „бомбите“, но тие не сакале. Сега, како што рече, ако сакаат да ги слушаат можат да побараат од судот и да ги слушнат во просториите на Кривичен.
Ова рочиште беше прекинато бидејќи немаше доволно време односно затоа што истиот ден, еден час подоцна, беше закажано рочиште за случајот „Насилството во
