Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВО ПОГЛАВЈЕ ВО ОДНОСИТЕ: Македонија ќе потпише стратешко партнерство со Обединетото Кралство

НОВО ПОГЛАВЈЕ ВО ОДНОСИТЕ: Македонија ќе потпише стратешко партнерство со Обединетото Кралство

Македонија ќе потпише стратешко партнерство со Обединетото Кралство. 

Премиерот Христијан Мицкоски ќе се сретне со премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер. На средбата се очекува да се постигне согласност за договор за стратешко партнерство на земјава со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска пишува „Курир“.

Ова претставува стратешки договор кој ја позиционира државата во редот на интересите и делувањето на една од највлијателните политички и економски сили во светот како што е Обединетото Кралство.

Овој договор претставува ново поглавје во односите меѓу двете држави и претставува клучна основа за подоцнежна економска и политичка соработка.

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести