Ново обвинение од СЈО: Груевски и Јанакиески повторно на „иста клупа“
Случајот со провизиите за кинеските патишта денеска ќе ги седне на иста клупа Груевски и Јанакиески.
Двајцата сопартијци, екс премиерот Никола Груевски и екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески се обвинети од СЈО во предметот „Траекторија“.
Со нив обвинет е и поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски.
Тие од СЈО се гонат за оштетување на буџетот за 155 милиони евра.
Кога од СЈО го отворија случајот рекоа дека во втората половина на 2012 и 2013 осомничените презеле повеќе дејства за избор на компанија за изградба на автопатот Миладиновци – Штип и Тетово – Охрид, со што го оштетиле буџетот од 155 милиони 117 илјади 172 евра и за тој износ ѝ овозможиле на компанијата изведувач да се стекне со имотна корист.
При процедурата за избор не биле почитувани правилата за спроведување тендер. Осомничените во постапката за барање најдобар изведувач, спротивно на правилата за јавни набавки и спротивно на условите на кинеската влада и кинеската Ексим банка, избрале изведувач што имал поскапа понуда од втората компанија што конкурирала на тендерот.
Во јануари, 2013 година високите владини службеници, иако биле доставени две понуди, разгледувале и одлучиле само за една. Понудата на компанијата која доставила пониска понуда била скриена, по што бил склучен договор само со компанијата која имала повисока понуда.
Слично
