Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВО НАМАЛУВАЊЕ: Девизните резерви на крајот на јуни на ниво од 4.936 милиони евра

НОВО НАМАЛУВАЊЕ: Девизните резерви на крајот на јуни на ниво од 4.936 милиони евра

Народната банка ги објави официјалните податоци за девизните резерви.

Според јавно достапните податоци, на крајот на јуни, девизните резерви биле на ниво од 4.936 милиони евра, со што е регистриран пад од над 200 милиони евра.

- Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност или 73,8 проценти, по што следуваат монетарното злато со 15,8 проценти и валутите и депозитите со 10,4 проценти - се посочува во објавата на веб страната на Народна Банка.


Графиката која ја објавува НБРСМ покажува дека последниот месец е забележан пад кај девизните резерви. 

Девизните резерви на крајот на јуни биле за 274 милиони евра пониски во споредба со претходниот месец. Нивото останува клучно за макроекономската стабилност и одржувањето на курсот на денарот. 

За споредба во мај резервите достигнаа вредност од 5.210 милиони евра, а тој месец беше забележан раст од три милиони во однос на април. 

Како  што може да се забележи и од самата графика, убедливо највисоки девизни резерви имаше на почетокот на годината, по што почнаа да се намалуваат. 



Слично

Поврзани вести