Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВО ЛИСИЧЕ, ЛИСИЧЕ, ГАЗИ БАБА ВО МАГЛА КАКО ВО ЗИМО - граѓаните револтирани, нема подобрување, не се дише

НОВО ЛИСИЧЕ, ЛИСИЧЕ, ГАЗИ БАБА ВО МАГЛА КАКО ВО ЗИМО - граѓаните револтирани, нема подобрување, не се дише

Скопските населби Аеродром, Ново Лисиче, Гази Баба и Кисела Вода утрово како во зимските месеци. Магла и чад ги покрија булеварите и парковите, поради што видливста е намалена како да е зимско утро. 

Жителите кои утринава рано го започнаа денот, веќе револтирано споделуваат видеа и фотографии на социјалните мрежи. Најголем број објави доаѓаат од Ново Лисиче, каде состојбата е загрижувачка. Во оваа наслеба и околината во ноќните часови веќе со денови, по пожарот во Вардариште состојбата е слична. Магливо, со изразит мирис на чад и смрдеа. 

Родителите се загрижени, особено оние ги носат малите деца во училиште или градинките во близина и споделија снимки од околината на школото Лазо Ангеловски. 


Жителите од околината споделуваа и видеа од улиците низ овие населби, на кои може да се забележи дека видливоста е значително намалена. 

Дополнитело дел од нив посочуваат дека своите деца во училиште или градинките ги носеле со маски, а има и такви кои велат дека до своите работни места заминале со маска поради неподносливата смрдеа, но и очигледното замаглување.  


Иако вчера надлежните тврдеа дека и покрај видливото загадување, и покрај маглата која е тука со денови, мерните станици не покажуваат загадување. 

Сепак, утрово вредностите на ПМ 10 и ПМ 2,5 се во црвената зона, токму во населбите Ново Лисиче, Лисиче, Гази Баба, а како што пишуваат граѓани во воздухот и понатаму се чувствува мирис на изгорено.

Вчера Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи информираа дека пожарот во депонијата Вардариште е изгаснат и дека нема ниту чадење на заостанати жаришта. Дополнително објавена е забрана за движење на локацијата, но за жал граѓаните на тој дел од градот со утринскиве снимки и објави посочуваат дека состојбата наместо подобрена е дополнително влошена.

Според мерните станици на мрежата Air Care, највисоки се вредностите на загадувачките честички во Лисиче, 90 микрограми на кубен метар ПМ 10 и 45 микрограми ПМ 2,5, и во Гази Баба 77 ПМ 10 и 32 Пм 2,5. Повисоки вредности на загадување има и во Аеродром, Мичурин и Реонски Центар.

Дополнително и мерните станици во Македонија покажуваат високи концентрации на ПМ честички. Иако, на оваа веб страна не се во моментот податоците, покажуваат дека овој период има надминување на граничните вредности.

Фото: Фактор

„МАГЛАТА Е ВООБИЧАЕНА ВО СЕПТЕМВРИ“: Ангелов вели дека Дрисла сѐ уште чади

Слично

Поврзани вести