Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВКОВСКА ЗА ФАКТОР24: Реален, професионален и сериозен попис е можен најрано во 2020 година

НОВКОВСКА ЗА ФАКТОР24: Реален, професионален и сериозен попис е можен најрано во 2020 година

За квалитетен попис споредлив со меѓународните стандарди мора да се има стабилен општествен политички амбиент, подготовка на институциите за реализација на оваа статистичка операција и да направиме детална анализа на сите ризици, процеси и притисоци поради што пропадна  пописот од 2011 година,  вели во интервју за магазинот Фактор24 универзитетскиот професор и поранешен  директор на Државниот завод за статистика  проф. д-р Благица Новковска. 

„Сега има помалку општествени услови од пред шест години кога беше стопиран тогашниот попис. Новата статистичка опрација не смее да биде предмет на политичка манипулација и анализа со партиски интереси . Една од проценките за нејзината успешност е сврзана со методологијата на попишување. Ми се чини дека треба да реализираме комбиниран попис, користејќи ги традиционалните методи на теренско попишување и одговори од населението , а дел од одговорите за прашањата да се добијат со податоците и нивно извлекување од постојните институции .  Тие мора да располагаат со административни факти што имаат висок квалитет на веродостојност и споредливост“, објансува проф. д-р Благица Новковска.

Според поранешниот директор на ДЗС за да се организира реален попис во 2020 година, без тој да биде привремен или паушален, неопходно е наредната година да се донесе Закон за попис. Според Новковска  се помалку европски земји  вршат попис на население по етничка и религиска припадност. Според Евростат тие податоци не се обврзувачки.

„Со наредниот попис во Македонија може да има изнанадувачки резултати во актуелната структура и бројност на населнието во етничките заедници .  Ќе има интресни поместувања“, проценува проф. д-р Благица Новковска .

Универзитетскиот професор Благица Новковска тврди дека во Македонија не живеат  2 милиони жители . Но таа спори и  дека од државата се иселиле меѓу 5-600.000 илјади граѓани во последната декада, додавајќи дека  тој податок е прилично паушално пласиран. За универзитетски  професор од  факултетот за Туризам и Менаџмент и меѓународен експерт за статистика  загрижувачки е трендот на иселување од државата, но смета дека најголем број од иселените се  Македонци и Албанци и дека нивното заминување е започнато  во првите години од осамостојувањето на Македонија , но е интензивиран во последнта декада.

Интерланото интервју  со поранешниот директор на ДЗС проф. д-р Благица Новковска ќе може да го проследите во вечерашното издание на Фактор24,  заеднички телевизиски проект на веб порталот Фактор  и телевизијата 24Вести.

Во премирното издание  вечерва ќе го следите и портретот на православниот Албанец Бранко Манојловски, највозрасниот пратеник  во новиот парламентарен состав  што е избран од листата на ДУИ .

Ќе можете да видите и спротиставени експертски мислења  дали Груевски и Ахмети ќе формираат Влада  и дали СДСМ е алтернатива , доколку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  го врати мандатот. На крајот на емисијата ќе ја проследните и рубриката Факторизација. 

Уредник и водител  на Фактор24 е Горазд Чомовски.     

Слично

Поврзани вести