НОВИТЕТ ПРИ РЕГИСТРАЦИЈА НА ВОЗИЛАТА: Ви стигнува код за верификација и на меил и на телефон, се минимализира простор за грешки при казни од „Безбеден град“
Сопствениците на возилата добиваат код на својот мобилен телефон и електронската адреса при регистрација на возилото, со цел да се избегнат било какви грешки при испраќањето на санкциите од „Безбеден град“, информираше Министерството за внатрешни работи.
„При регистрација на возилата во станиците за технички преглед или во управните служби, откако сопственикот на возилото на шалтерот на МВР ќе го остави бројот од својот мобилен телефон и електронска меил адреса, на својот мобилен телефон и на електронската меил адреса добива порака со код за верификација и потврда дека бројот што го оставил е лично негов. Оваа измена е во насока да се избегнат било какви грешки при испраќањето на санкциите од „Безбеден град“, кои и понатаму ќе бидат праќани преку СМС порака и на меил адресата на сторителот на прекршокот“, информираат од МВР.
Дека во пракса навистина е така, се увери и екипата на Фактор, која на лице место беше на терен во техничките прегледи. Граѓаните на шалтерот на МВР, добиваа код и на и меил адресата и на смс порака, по што истиот го кажуваа на полицискиот службеник.
