НОВИТЕ ФОТОГРАФИИ ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА И ПАНЧЕ ЈА ТРЕСАТ МАКЕДОНИЈА: Ќе понесе ли некој одговорност за тоа што од официјални институции на НАТО членка се извадени снимки од официјална истрага? прашува Ковачки
Откако српскиот политичар, Срѓан Ного објави нови фотографии од автомобилот со кој била киднапирана младата Вања Ѓорчевска и најави нови детали и досега необјавени факти за случувањата и поврзаноста меѓу обвинетите и жртвите, Вања и Панче., се огласи Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ,
„Минатиот месец како комисија за одбрана и безбедност на Собранието, побаравме информација од МВР за двојното убиство.
До денеска, ниту информација од МВР е стигната, ниту пак е одржана седница на комисијата во Собранието.
Македонските пратеници немаат никакви информации, но затоа српски политичари и новинари имаат информации и докази за случаи во МК кои веќе ги презентираат во тамошната јавност.
Од овде, се заклучува следното:
1. Системот за безбедност е избушен како швајцарско сирење, не се знае кој и што снима, не се знае кој и каде изнесува и дава или продава итн.
2. Безбедносните служби не си ја работат работата, туку се занимаваат со креирање на лажни приказни за политичките опоненти на ДУИ и СДС, а се’ со цел да им се допаднат на странските партнери и тие да се “единствената опција”,
3. Владата не го есапи Собранието, а со тоа и граѓаните. Како и досега.
Ќе понесе ли некој одговорност за тоа што од официјални институции на НАТО членка се извадени снимки од официјална истрага и истите се дадени на странски лица?
Иако сите се испофалија дека го реформирале безбедносниот систем согласно препораките на Прибе, очигледно е дека тоа не е така.
После безбројните киксови на безбедносен план, неминовно е веднаш после промената на власта да следи сериозно прочистување и вистинска реформа која ќе биде во склад со потребите на безбедноста на државата, а нема да биде како досега за личните потреби и елиминација на политичките противници на Претседателот, Премиерот, Министрите итн.“ напиша тој.
Слично
