Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новите членови на ДИК денес нема да даваат свечена изјава-Собранието не кажува зошто

Новите членови на ДИК денес нема да даваат свечена изјава-Собранието не кажува зошто

Новитр членови на ДИК нема да даваат свечени изјави денеска.

Ова станува јасно од соопштението на собраниската прес служба во кое се наведува дека давањето свечени изјави на новоизбраните членови на Државната изборна комисија се одложува.

Сепак од Собранието не наведена причината за одложувањето.

Новиот привремен состав на ДИК со 100 гласа  „за“ помина експресно на седницата која се одржа во среда вечерта.

Согласно тоа, за претседател на ДИК е Оливер Дерковски предложен од ВМРО-ДПМНЕ, а Дитмире Шеху од ДУИ потпретседател. Елизабета Постоловска од ВМРО-ДПМНЕ, Јанакие Витановски, Борис Кондарко и Радица Ристеска од СДСМ, како и Енвер Салиу од Беса се членови на највисокото изборно тело во државата.

Со формирањето на ДИК нема пречки за организирање на најавениот есенски референдум за името.

Слично

Поврзани вести