Новите честитки на Пошта со ретро дизајн, ќе се намалат цените за испраќање
Управниот одбор на Пошта на Северна Македонија донела одлука за печатење на честитки со ретро дизајн, соопшти директорот Јани Макрадули. Тој рече и дека ќе има намалување односно усогласување на дел од цените за испраќање новогодишни честитки и пакетчиња и подароци, но деталите рече дека ќе ги соопшти од денеска.
Макрадули ова гокажа на фејсбуг откако соопшти и дека сега претпријатието ќе има своја страница на оваа мрежа, па имаше коментари дека треба да се испраќаат повеќе честитки и да се врати традицијата. Веднаш потоа самиот објави дека веќе ја пишува честитката.
Пошта во првата половина од годината има загуба од над 850 илјади евра, а вкупните долгови се проценуваат на околу 10 милиони евра. Во македонски пошти работат околу 2000 луѓе, за чии плати Владата на една од последните седници одлучи да даде финансиска помош.
Најавено е и идно приватизирање на поштата. Ова не е прв обид за продажба на некогашната златна кокошка, која сега тоне во загуби. Уште во 2009 година имаше најави за продажба на компанијата на Канадската пошта. Но државата се откажа од оваа зделка, без објаснување и за тоа плати пенали од над 200 илјади канадски долари.
