Новиот српски закон за сообраќај со ригорозни казни, може ли да се примени кај нас
Србија изготвува нов закон за сообраќај кој ќе има повисоки и поригорозни казни, како и предвидување на нов вид на сообраќајни прекршоци со што се наметнуваат повисоки стандарди.
Според новиот српски закон, ако возите дете до 3 годишна возраст во автомобилот и при тоа немате детско седиште, полицијата ќе ве казни со 1000 евра.
1000 евра ќе треба да платат и возачите кои имаат постаро дете, но го возат во автомобил без да биде врзано со безбедносниот појас.
Интересно е дека според новиот закон, ќе мора да ставите појас и на задното седиште. Во спротивно, казната е 5.000 српски динари или околу 40 евра.
Србите пропишуваат и исклучително остри казни за оние кои возат под дејство на алкохол. Па така, ако управувате автомобил со над 2 промили алкохол во крвта, полицијата трајно ви го одзема возилото, без разлика дали вие сте негов сопственик или пак управувате автомобил на ваш пријател.
Полицијата нема да ги одзема само рент а кар возилата и оние за кои низ судска постапка ќе се докаже дека биле украдени од сопственикот. Пијаните возачи по брза постапка ќе добијат и затворска казна. Тие во затвор ќе поминат меѓу 30 и 60 дена.
Што мислите вие за вакви ригорозни и премногу високи казни, дали тие би биле решение и за македонската состојба во која имаме огромен број на жртви во сообраќајот секојдневно, а од друга страна народот се жали дека казните се превисоки и не одговараат на нивниот стандард.
